Министерството за внатрешни работи информираше дека вчера во 16.30 часот во СВР Скопје, В.А.(37) од с.Мојанци, скопско, пријавил дека околу 08.00 часот на Кванташки пазар, каде што работел, по претходна расправија, тој, неговиот брат Ј.А. и уште еден вработен Н.А. биле физички нападнати од И.Б., неговиот брат И.Б., двајцата од с.Арачиново и уште три лица.

– Притоа, според пријавеното, еден од браќата И.Б. им се заканил со пиштол и ги нападнал В.А. и Ј.А.. Додека, исто така, според пријавеното, едно од трите лица употребило тврд предмет, информираат од полицијата.

Се работи на расчистување на случајот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.