Полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при Одделението за внатрешни работи Радовиш го лишиле од слобода Н.Б. (32) од Радовиш, во чиј дом, при претрес извршен со судска наредба, биле пронајдени марихуана, дигитална вага и дробилка.

Од МВР информираат дека за настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.