Министерството за внатрешни работи информира дека денешните дојави за бомби поради кои беа евакуирани седум училишта се лажни.

Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави, велат од МВР.

Во 9:30 часот во СВР Скопје беше пријавено дека на електронската адреса на седум училишта во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна направа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.