Вчера околу 15 часот и 40 минути во СВР Тетово пријавено е дека во тетовската Клиничка болница без знаци на живот бил донесен Л.Б.(54) од Република Албанија.
Според пријавеното, додека изведувал градежни работи во тетовски Челопек, околу 14 часот и 30 минути врз него се урнала земја во каналoт што го копале. Тој бил извлечен од каналот и пренесен во приватна ординација во селото за укажување на лекарска помош, по што на пат за
тетовската Клиничка болница починал.
Јавен обвинител и екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово извршиле увид и врз телото ќе се врши обдукција.
Се расчистува и документира случајот, велат од СВР Тетово.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.