СВР Охрид поднесе кривична пријава против директорот на ЈЗУ Општа болница Охрид, Г.Б.(53) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување.

Во периодот од 1.11.2021 до 30.4.2022, во својство на вршител на должноста директор на ЈЗУ Општа болница Охрид, со искористување на својата службена положба и овластување, со погрешно пресметување на платата по основ на друг коефициент, на секретарот на болницата му овозможил да земе повисока основна плата, при што на буџетот на болницата била нанесена штета од 100.357 денари – соопшти МВР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.