СВР Велес поднесе кривична пријава против Д.П.(26), Г.В.(49), двајцата од Струмица и против правно лице – финансиско друштво од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци“.

Првопријавената ги злоупотребила личните податоци на оштетеното лице во пријавеното правно лице за добивање на брз кредит во износ од 90.000 денари, кој ѝ бил одобрен од второпријавениот, одговорно лице во правното лице.

На 06.02.2023, сопругата на оштетениот го пријавила делото, поради тоа што тој во тој момент не бил во државата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.