Полициски службеници од СВР Тетово при контрола на ноќен клуб во тетовско Горно Седларце на 17/18.07 во периодот од 23:30 до 5 часот изутрината каде управител бил А.И.(27) од Горно Седларце пронашле 32 жени странски државјанки.
При контролата во објектот биле затекнати 32 странски државјанки на возраст од 20 до 40 години од Русија, Молдавија, Украина, Косово, Албанија, Србија, Словенија и Казахстан кои го злоупотребиле престојот, односно престојувале во РСМ спротивно на целта. Тие се приведени и задржани во полициска станица за понатамошна постапка, се вели во соопштението на МВР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.