Во трговски центар на подрачјето на Карпош, на 24 ноември во 21:00 часот, полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Карпош ја лишиле од слобода Ј.М.(19) со живеалиште во Пробиштип, а со престој во Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела кражба и тешка кражба.
Како што информираат денеска од МВР, пријавената од четири различни дуќани во трговскиот центар одземала предмети. Со неа бил извршен службен разговор во кој во целост го појаснила начинот на извршувањето на кривичните дела. Украдените предмети ќе бидат вратени на сопствениците и по целосно документирање на случајот ќе следи соодветна пријава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.