Утрово 25-годишна велешанка со прострелна рана во стомакот е однесена во велешката болница. Инцидентот го потврдија и од СВР Велес од каде велат дека во неа пукал нејзиниот невенчан сопруг.
Денеска во 07:47 часот во СВР Велес, од Итна медицинска помош Велес било пријавено дека кај нив била донесена 25-годишна жена со повреди на телото нанесени од нејзиниот невенчан сопруг. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од СВР Велес.
Освен прострелна рана, девојката имала и видливи повреди на лицето. Од велешката болница потврдија дека девојката веќе е пренесена на лекување во Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.