Вчера во 17.45 часот било пријавено дека во с.Зелениково, Скопско се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „фолксваген“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.Ќ.(50) од с.Страхојадица и патничко моторно возило „шкода“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Г.(37) од с.Зелениково.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетна сопатничка од возилото „фолксваген“, а со телесни повреди се здобиле двајцата возачи, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.