Случајот со нападнатото дете во Ѓорче Петров добива посериозна димензија, откако се дознава дека во инцидентот биле вклучени деца од прво одделение. Нападот на детето се случил во дворот на ОУ „Димитар поп Георгиев Беровски“. Двајцата соученици, како што дознава „Сител“ се обиделе сексуално да го нападнат користејќи стаклено шише.
Детето веднаш ја информирала наставничката, но според инфомрации на „Сител“, таа не превзела ништо. Обидот за силување во полиција го пријавил таткото на детето во вторникот доцна попладне откако бил извршен лекарски преглед врз детето. С
Во СВР Скопје, 44-годишен маж од Скопје пријавил дека во периодот од 11 до 15 часот во двор на основно училиште на подрачјето на Ѓорче Петров, неговиот малолетен син бил физички нападнат од двајца негови соученици, кои со тврд предмет се обиделе да извршат полово дејствије врз него.
Како што соопштија вчера од Општината, директорот на училиштето поднесе оставка од лични и морални причини. На негово место, веќе е именуван нов ВД директор.
Формирана е и комисија која ќе поведува дисциплинска постапка против четири наставници, а веднаш е суспендирана наставничката одговорна за одделението во кое заедно учеле трите деца. во меѓувреме на разговор биле повикани родителите на децата, а училишните служби работат со класот првооделенци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.