Денеска (14.02.2024) во 12.26 часот на експресниот пат А3 Кочани Штип во близина на с.Чешиново, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило голф со кочански регистарски таблици, патничко моторно возило сеат со скопски регистарски таблици и цитроен со винички регистарски таблици. На местото на несреќата починале 2 лица, смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош Кочани, додека според првичните информации 5 лица се здобиле со повреди и биле пренесени во Кочанската болница.

Увидот на местото на несреќата во присуство на јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Кочани е во тек.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.