Вчеравечер во 20.30 часот на ул.„8 Септември“ во Велес, полициски службеници од СВР Велес во координација со полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово ги лишиле од слобода А.И.(18) од с.Стар Караорман, штипско и Т.Ј.(18) од Штип затоа што во товарното возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал А.И., а сопатник бил Т.Ј., биле пронајдени 23 лица мигранти од Сирија, од кои 10 малолетници, соопшти денеска МВР за вчерашната потера низ Велес.
Околу 20.05 часот на автопатот А1, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово дале знак за запирање на возилото, но А.И. продолжил со движење и со возилото влегол во Велес и на ул.„8 Септември“ излетал од патот и со возилото паднал во ископ. Притоа, со повреди се здобил еден малолетник, констатирани во болницата во Велес. При приведувањето А.И. физички нападнал полициски службеник, соопшти МВР.
По наредба на јавен обвинител увид на местото извршила екипа од СВР Велес.
По целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.