Вчера во 16.30 часот во СВР Охрид било пријавено дека на ул.„Железничка“ во Охрид, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од Д.К.(56) од Охрид и патничко возило „фиат пунто“ со охридски регистарски ознаки, управувано од А.Р.(50) од Охрид.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничка од возилото „фиат пунто“, Ј.Р.(75) од Охрид, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид.

Со телесни повреди се здобиле возачот А.Р. и уште двајца негови сопатници, Г.Р.(45) и малолетник, двајцата од Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.