Вчера во 17.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопат–обиколница на Град Скопје, кај с.Визбегово, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.И.(45) од с.Глумово, скопско и патничко моторно возило „фиат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.Н.(20) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од возилото „пежо“, Ф.С.(46) од Скопје, а со телесни повреди се здобиле двајцата возачи и уште еден сопатник од возилото „пежо“ Б.К.(24) од Скопје, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „8 Септември“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.