По масовна тепачка на Попова Шапка се уапсени четири скопјани.

На 01.01.2022 во 13.30 часот во угостителски објект на Попова Шапка, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Е.Х.(34), С.И.(30), Б.Л.(32) и Д.Д.(25), сите од Скопје, затоа што околу 13.00 часот, пред угостителскиот објект, физички ги нападнале Ж.Н.(49) од с.Брвеница и Ц.Б.(28) од Тетово – информираат од МВР.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.