Четиригодишна затворска казна за анестезиологот на клиниката „Санте плус“ за смртта на родилката Деборе Ќерими-Џамбази, која во 2018 година почина при породување, пресуди денеска судијата Марин Станевски, кој покрај тоа на обвинетиот му забрани да ја врши лекарската дејност во период од четири години, пренесе агенцијата „Макфакс“.

Обвинението беше поднесено пред три години а со него анестезиологот се товареше за тешки дела против здравјето на луѓето, затоа што применил неподобен начин на лекување со што предизвикал смрт.

Обвинителството во текот на процесот докажуваше дека анестезиологот склучил договор да ја врши работната обврска, без потребното работно искуство во специјалноста над две години.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.