На две локации во Скопје во текот на ноќта се опожарени четири возила, информираат од МВР.

Во првиот случај кој е пријавен во СВР Скопје околу 03.12 часот по полноќ, на ул.„Цветан Димов“ настанал пожар во патничко возило „фолксваген голф“, сопственост на Б.А.(33) од Скопје и патничко возило „опел корса“, сопственост на Е.Д. (38) од Скопје, двете со скопски регистарски ознаки.

Вториот случај, пак, кој е пријавен во истото време, околу 03.12 часот во СВР Скопје, е на ул.„Петар Ацев“ во Скопје каде настанал пожар во патничко возило „сеат леон“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на В.М.(32) од Скопје. Од пожарот било зафатено и патничко возило „субару“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Љ.Н. (58) од Скопје.

Во двата случаја повредени лица нема, а интеревенирале екипи на Бригадата за противпожарна заштита Скопје.

Увид на местата извршиле екипи од СВР Скопје.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.