Вчера (12 април) околу 14 часот и 30 минути, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода А.А. (28) од гостиварско Чегране, кој се однесувал агресивно и нападнал еден од нив додека преземале службени дејствија околу претходно случена сообраќајна несреќа.

Од СВР Тетово велат дека се расчистува и документира случајот и против него ќе следува поднесок.

Додаваат дека поврзано со овој случај, нешто подоцна во Полициската станица Гостивар се пријавил и И.А.(52), исто така, од Чегране.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.