Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против три лица, кои се осомничени дека во група сториле кривично дело – Насилство од член 386 став 3 од Кривичниот законик.

На 5 јуни попладне, во слаткарница на улицата Широк сокак, осомничените извршиле грубо насилство врз две лица. Замавнувале кон оштетените со мачета и со метална палка, им се заканувале, а со своите дејствија предизвикале страв, несигурност и загрозување и кај останатите гости и случајни минувачи. Двајца од осомничените се браќа, претходно осудувани, соопшти битолското ОЈО.

За едниот од нив по предлог на јавниот обвинител, Основниот суд во Битола определи мерка притвор, а за другиот – куќен притвор во траење од 8 дена.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.