На 31.01.2022 во 22:40 часот на Граничниот премин Табановце, при извршена контрола и проверка било утврдено дека С.П.(30) од Босна и Херцеговина бил баран од Интерпол.

Тој бил лишен од слобода и предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

На 01.02.2022 во 02:40 часот на Граничниот премин „Долно Блаце“, полициски службеници го лишиле од слобода К.Л.(37) од Република Албанија, затоа што при извршени проверки било констатирано било дека евидирал со мерка „апси“, по барање на Интерпол-Грција.

Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Чаир за понатамошна постапка.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.