Скопјанец е тешко повреден откако врз него налета возило.

Несреќата се случи вчера  околу 10 часот на бул.„Александар Македонски“ во Скопје, кога патничко возило „фолксваген поло“, со скопски регистарски ознаки, уравувано од Ф.Р.(62) од с.Идризово, скопско, удрило во пешакот А.Ѓ.(58) од Скопје.

Во несреќата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Градската општа болница „8 Септември“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.