Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до надлежниот суд достави предлог за определување мерка притвор за лице осомничено за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи од член 396 став 3 од Кривичниот законик.

Против 29-годишниот скопјанец е донесена наредба за спроведување истражна постапка, бидејќи на 4 април, во својот автомобил држел оружје и муниција: 2 полуавтоматски пиштоли и 20 куршуми, без да поседува дозвола за нив.

Кога полициски службеници на булеварот „Христијан Тодоровски Карпош” во Скопје го запреле да го легитимираат, тој се дал во бегство и од прозорецот на возилото ги фрлил пиштолите и муницијата завиткани во јакна.

Јавниот обвинител, како што е нагласено во соопштението ја предложи притворската мерка, оценувајќи дека постои опасност осомничениот да се даде во бегство или да го повтори делото.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.