Во сообраќајна несреќа на патарината кај Куманово загина возач на автомобил, информираа од МВР.

Според полицијата, несреќата се случила рано утрово на лентата во правец од Скопје кон Куманово. Возилото се забило во бетонски дел на патарината, по што избил и пожар. Возачот загинал на лице место, а во интервенцијата учествувале кумановските пожарникари кои го сечеле автомобилот за да го извлечат загинатиот.

Полицијата засега нема информации за идентитетот на загинатиот:

-На 09.03.2023 околу 03.27 часот во СВР Куманово било пријавено дека на наплатна станица „Романовце“ на автопат Скопје – Куманово, патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки удрило во столб на наплатната станица, при што настанал пожар на возилото. Притоа, на местото починал возачот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Куманово и од вработени во наплатната станица. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција, а увид на местото извршила екипа од СВР Куманово, информира МВР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.