Автобус марка „мерцедес“ кој сообраќал на релација Скопје – Велес – Кочани останал без двете гуми веднаш после патарината кај Велес, па сега десетината патници останале среде автопат за да чекаат нов превоз и со него да стасаат до Кочани.

Двете гуми на автобусот на компанијата „Авто Атом“ се дупнале некаде по патарината кај Велес, и гумите се на автопатската делница пред тунелот. За среќа во инцидентот нема повредени патници.

Возачот кога забележал дека се дупнале две гуми запрел и го паркирал автобусот. Во возилото две патнички оделе за Велес, а останатите за Кочани. Двете патнички со приватен превоз се упатиле кон Велес, а останатите чекаат да бидат префрлени и да надлежните да реагираат.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.