На 03.07.2023 година во 22.00 часот, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид извршија контрола на патничко возило „БМВ“ со охридски регистарски ознаки, паркирано на улицата „Будва“ во Охрид во кое биле К.Н.(21) од Охрид и П.А. од Австралија. 

При прегледот полициските службеници кај К.Н. пронајдоа и одзедоа  марихуана по што веднаш беше приведен, а П.А. е повикан во полициска станица. По целосно документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.