Три автомобили се судриле на автопатот Гостивар – Тетово, при што жена, која била сопатничка во едно од возилата, е потешко повредена и префрлена во Тетово.

Вчера во 17 часот било пријавено дека на автопатот Гостивар – Тетово, кај клучка Жеровјане, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“, со хрватски национални ознаки, управувано од Ф.А.(48) од село Пирок, патничко возило „мерцедес“, управувано од Б.А. (20) од село Сенокос и патничко возило „опел“, управувано од М.А.(55) од село Боговиње, и двете со гостиварски регистарски ознаки.

 

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од возилото „опел“, Д.А.Х.(31) од село Дебреше, а со телесни повреди се здобиле возачот М.А. и уште еден малолетен сопатник од истото возило, констатирани во Клиничката болница во Тетово – информираат од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.