Две лица биле тешко повредени, а едно добило полесни повреди при судар на четири возила во Кочани.

Во Полициската станица Кочани вчера во 15.58 часот било пријавено дека на ул.„Страшо Ербапче“ во Кочани се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „даеву“, со штипски регистарски ознаки, управувано од Д.С.(62) од Кочани, патничко возило „фолксваген“, управувано од К.П.(49) од Кочани, патничко возило „фолксваген“, управувано од С.Р.(36) од Кочани и патничко возило „опел“, управувано од Ј.Б.(54) од Кочани, сите со кочански регистарски ознаки.

 

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле К.П. и сопатничка од возилото „опел“, Н.Б.(50) од Кочани, а Ј.Б. се здобил со телесни повреди, констатирани во Јавната здравствена установа Кочани и Клиничката болница во Штип – информираат од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Кочани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.