Последниве денови Арачиново беше на „мета“ на полицијата. Последниот случај е синоќа околу 22 часот кога многу полициски сили ја преплавија оваа општина. Претресени се 54 лица и 11 возила, а приведен е 40-годишен маж, кај кого е пронајден пиштол.

-Извршена е проверка во хотелски објекти во атарот на скопското село Арачиново, при што е лишен од слобода А.Д.(40), вработен во еден од локалите. Кај него биле пронајдени пиштол „ТТ“ и рамка со осум куршуми-велат од МВР.

Истиот ден, во 05:00 часот, полициски сили упаднале во неколку куќи во Арачиново, а приведен е 49-годишниот Н.Р. кој се барал за издржување казна затвор од една и пол година, откако бил фатен со оружје. Рацијата продолжила во Мојанци, каде е запленет еден пиштол.

Оливер Спасовски бара нешто во Арачиново но од министерството со кое раководи тој, не кажуваат што конкретно бараат.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.