Полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Тетово синоќа околу петнаесет минути по полноќ го лишиле од слобода И.Б.(39) од Тетово.

МВР информира дека при контрола извршена во неговиот угостителски објект во Тетово, биле пронајдени 37 пакувања марихуана, дигитална вага, реквизити за организирање комар (чипови, карти и коцка) и нож.га

-Тој е задржан во Полициската станица Тетово, во тек е претрес во неговиот дом и по целосно документирање на случајот, против него ќе бидат изготвени соодветни, законски предвидени поднесоци. Во објектот, исто така, бил приведен и Д.Х.(21) од Тетово кај кого бил пронајден и одземен нож и против него ќе следува поднесок по член 80 од Законот за оружје, велат од МВР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.