Денеска, на 15 јуни во 11.30 часот во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Гази Баба го лишиле од слобода А.Ј.(26) од Скопје.
Тој се сомничи дека на 06.06.2022 на ул.„Благоја Стефковски“ одзел патничко возило „опел астра“ со скопски регистарски ознаки.
Во Полициската станица Гази Баба со него бил извршен службен разговор, при што тој го признал делото. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.