Полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар вчера околу 15 часот и 30 минути ја лишиле од слобода 46-годишната Л.К. од гостиварско село.
Таа била пријавена од нејзиниот 63-годишен сопруг дека претходната вечер физички го нападнала, откако претходно со остар му се заканила и на нивниот син.
Од СВР Тетово велат дека жената е задржана во Полициската станица Гостивар за целосно расчистување и документирање на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.