ОВР Струга поднесе кривична пријава против У.Б.(49) и В.К.(46), двајцата од Дебар, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ и „овозможување употреба на наркотични дроги“.

Како што информираат од МВР, тие биле затекнати во патничко возило, сопственост на В.К., при користење на марихуана, која У.Б. претходно ја набавил.

Истовремено, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Н.Г.(33) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „овозможување употреба на наркотични дроги“.

Тој во ноќен клуб во Охрид, на М.К. од Струга му овозможил употреба на марихуана, при што бил затекнат од полициски службеници.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.