Мухамед Зеќири излегува од затворот во Шутка. Ова е одлуката на скопска Апелација која е донесена денеска. Нему му е одреден куќен притвор, а од Инфективната клиника во Скопје каде престојува скоро месец ќе биде пренесен во затворот, па со полициска придружба на домашна адреса во Чаир. Апелационите судии го сменија мислењето откако Зеќири заврши на болничко лекување, а во останатиот дел, адвокатите на Зеќири посочија исти околности поради кои бараа да се укине ефективниот притвор.
За осомничениот е одреден куќен притвор. Одземен му е и пасошот, велат од Апелација.
Засега не е познато кога ќе го пуштат Зеќири од болничко лекување. Тој се уште се наоѓа на Инфективната клиника во Скопје. Точната дијагноза, остана непозната за јавноста. Адвокатот Александар Трајковски, еден од тројцата бранители на Зеќири посочи дека здравјето на осомничениот е сериозно нарушено. Трајковски посочуваше: „Некои од здравствените проблеми ги имаше, други се појавија во затворот. Комуникацијата со него стана тешка, беше под седативи“.
Обвинителката Катерина Коларевиќ, од медиумите дознала дека осомничениот не е во затворот во Шутка. Судот не ја известил дека тој е на лекување. Па така, ниту таа не знае која е точната причина што Зеќири еден месец пред да оди дома, се лекува на Инфективна.
Меѓу причините со кои се бараше укинување на ефективниот притвор е тоа што Зеќири тврди дека секогаш соработувал со органите на прогонот, има фамилија во Македонија, дека ако сакал да бега имал година и половина за тоа, дека не може да влијае на сведоци кои и за Обвинителството се непознати. За тврдењето на Обвинителството дека Зеќири може да избега бидејќи родителите на неговата сопруга живеат во Германија, осомничениот имаше кажано: „Тие живеат со нас, во Македонија, не се во Германија“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.