Погрешно е протолкувана изјавата на поранешниот генералниот секретар на влада Мухамед Зеќири дека наводно спроведувал постапка во 4 очи договорена со мене, изјави денеска премиерот Фатмир Битиќи.

Битиќи вели немало такво нешто и повторно вели дека имало грешка во преводот на изјавата на Зеќири.

Не би сакал да ја коментирам неговата изјава, затоа што беше дадена на два јазици, на македонски и на албански. На албански јазик не беше кажано така, беше кажано предлог – изјави Битиќи.

На Мухамед Зеќери вчера му беше изречена казна затвор од 2 години и 6 месеци за злоупотреба на службена положба и овластувања за договор за консултантски услуги направен без јавна набавка. Зеќири треба да плати и 1,1 милион евра.

Откако Зеќири вчера ја слушна пресудата на судот за склучување на договор со фирмата „Интерхолдинг“ за консултантски услуги за потенцијална приватизација на А.Д. Пошти и Железници транспорт, изјави дека ќе ја обжали.

Во целиот процес никаде и во ниту еден момент не беше докажана моја умисла во склучувањето на договорите. Јас само сум спровел умисла на други, односно на владата кои беа предложени од вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи – рече Зеќири.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.