Синот на катарскиот амбасадор во земјава Јасим бин Абдул Хамид Ал-Тани бил нападнат вербално и физички од тренерот по фудбал, дознава Република. Според наши информации до инцидентот дошло вчера вечерта за време на тренингот во еден скопски фудбалски клуб. Настанот бил пријавен во полиција, а направен е записник.

Од МВР за Република потврдија дека имало инцидент.

Според полицискиот билтен, вчера вечерта околу 20.30 часот Ј.Х.Џ.Х.А.Т. (43) од Катар пријавил дека додека неговиот малолетен син тренирал фудбал на игралиште во Скопје, бил турнат од страна на тренерот М.К..

Од страна на полициски службеници против М.К. е поднесен соодветен поднесок од ЗППЈРМ. Во врска со случајот од страна на Ѓ.Х. (46), претседател на клубот, е пријавено дека по завршување на фудбалскиот тренинг, на излез од игралиштето, бил физички нападнат од страна на Ј.Х.Џ.Х.А.Т.. Од страна на Единицата за насилен криминал при СВР Скопје извршен е увид, известен е Јавен обвинител и се работи на целосно расчистување на случајот, велат од полицијата за Република.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.