Ноќва околу 03.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Стајковци, скопско, А.Н.(19) од с.Брест, скопско и негов малолетен другар биле физички нападнати од три лица, кои, според пријавата, употребиле остар предмет.

Полициски службеници излегле на местото и го затекнале А.Н. со повреда од остар предмет и уште двајца малолетници од с.Арачиново. Со нив, во присуство на родителите, во Полициска станица Гази Баба бил извршен разговор и тие изјавиле дека лажно пријавиле напад од други лица, а всушност малолетниот другар му ја нанел повредата на А.Н. од невнимание.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.