Вчера во 17 часот и 15 минути во СВР Тетово е пријавено дека на регионалниот пат Мавровска крстосница – Дебар, на влезот во гостиварското село Дуф, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале товарно моторно возилo „ман“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од 26-годишниот И.О. од Дуф и
мотоцикл „сим 250“ со гостиварски ознаки што го управувал О.Ч.(26) од Република Албанија.

Во несреќата, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“. На местото на несреќата увид
извршила екипа од Одделението за внатрешни работи
Гостивар.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.