Актерот Жарко Димоски, бил сведок на стравичната сообраќајна несреќа кај Сити Мол во Скопје, во која животот го загуби 24-годишна девојка од Радовиш. Нејзин сограѓанин, кој заедно со неа преминувал пешачки премин кога биле удрени од „Цитрроен“, е во болница.

Бев случаен сведок кога еден млад дечко ја констатира смртта на девојката, СЛУШНАВ КРИЦИ ШТО НЕМА ДА ГИ ЗАБОРАВАМ ЦЕЛ ЖИВОТ❗❗❗
Улиците ни се како минско поле, ризик е да излезеш од дома, за жалење сме❗❗❗
СОЧУВСТВО – напиша Димоски на социјалните мрежи за трауматичното чуство што кај него го предизвикала сообраќајката.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.