Познати се првите детали од сообраќајката кај „Сити Мол“. Како што пренесува „Сител“, прегазената девојка поминувала на пешачки премин пред „Сити Мол“ кога на неа налетал со теренско возило „Цитроен“ 22 годишен возач.

Тој преминал на левата лента бидејќи пред него имало возило кои чекале на семафорот. Во тој момент налетал на девојката од Радовиш која била со некој пријател.

Потресните фотографии говорат за трагедијата а телото на починатата девојка се уште се наоѓа на булеварот бидејќи полицијата врши увид.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.