Ако татко ми не пукаше ќе настрадаше дел од семејството со гаранција. Денес ние ќе бевме мртви. Дојде со намера да не̍ отепа. Кога ја скрши вратата видов зомби. Не беше човек, туку зомби. Беше подготвен и сопствените деца да ги убие – потресно сведочеше Јове Ѓоргиевски, син на осомничениот битолчанец Тони Ѓоргиевски – Фердо на денешниот мирен протест пред Основниот суд во Битола на кој битолчани побараа слобода за него со образложение дека си го заштитил семејството.

Тој пред пред два дена со пиштол го уби невенчаниот зет за ќерка откако овој му упадна насила во куќата со мачета во рацете и им се закануваше на домашните.

Синот Јове изјави дека починатиот Стојанче Соколов (44), кој добро ѝ е познат на полицијата како прекршител на закони, 20 години го малтретирал неговото семејство. Пред да се случи убиството, и се заканувал на неговата сестра и таа заедно со двете деца утрото побегнала кај својот татко.

Оваа работа се случи во самоодбрана. Дојде со намера да не̍ отепа. Не̍ нападна зомби, не човек. Не̍ нападна со ножот. Татко ми мораше да пука за да не̍ одбрани останатите петмина што бевме дома. Никој не сакаше тој да умри, но немавме друго решение освен да пука – изјави Јове.

Тој заедно со битолчаните побараа институциите да му дозволат на татко му да се брани од слобода затоа што нема намера да бега. Порача дека доколку сакал да побегне имал време да го стори тоа утрото по убиството. Но, тие веднаш повикале полиција и Брза помош. Кога тие дошле, немале викнато ни адвокат што покажува дека неговиот тетко немал намера да бега. Јове вели дека татко му е чесен човек, кому семејството му е се̍.

Во однос на изјавите од обвинителство дека е осомничен за убиство со умисла синот праша: „Да кажат судиите како ќе изреагираат да им влезе некој дома, да оди кон нив со намера да ги отепа и има оружје? Сакам да ми дадат одговор надлежните како ќе постапат тие ако гледаат дека некој им го напаѓа чедото и сака да го отепа?

Овој проблем го имаме повеќе од 20 години. Пријавуван е во полиција, во Центарот за социјални работи. Ќе дојдеше ќе се извинеше, ќе тераше некое време. Ќе се испијанеше, беше и конзуматор на дрога, ќе дојдеше дрогиран, ги малтетираше, тепаше. Имаше закани и кон мене, цело време кон сестра ми и внуците. Не̍ газеше со години, мајка ми и татко ми дома не можеа да преспијат мирно, спиеја со телефонот в раце да не се случи некому нешто – раскажа синот.

Повеќе на „апла.мк“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.