Момче репетира пиштол и го вперува кон случајни минувачи во центарот на Скопје, во близина на Бит Пазар. Видео објавено на ТикТок ги вознемири граѓаните.

Објавувачот на видеото тврди дека пиштолот не е вистински, но реакциите под објавата се бројни. Граѓаните пишуваат дека ова не е единствената локација каде е забележано момчето со вакви закани и бараат итна реакција на надлежните институтции.

Видеото ја алармираше и полицијата. Неколку часа подоцна момечето е веќе приведено, а заедно со јавните обвинителе докрај ќе се расчистува случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.