Полициски службеници од Бирото за јавна безбедност и инспектори од СВР Скопје во координација со Државниот пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи на 18 февруари спроведоа акциска контрола во 25 угостителски објекти во Гостивар и во Струга при што констатирале низа неправилности во 14 објекти, кои се законски санкционирани.

Од страна на Управата за јавни приходи се изречени санкции кон седум објекти во Струга и седум објекти во Гостивар, во кои се констатирани различни неправилности: неиздавање фискални сметки, немање резервен фискален апарат,… Државниот пазарен инспекторат изрече санкции за седум објекти во Гостивар поради разни видови непарвилности кои биле констатирани при контролите, соопшти МВР и најави дека акциските контроли ќе продолжат.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.