Зголемен број на пријави за семејно насилство бележи тетовската полиција оваа недела. Карактеристично е дека сите пријави се однесуваат за настани случени во градот Тетово.
Вчера во 21 часот и 10 минути во СВР Тетово се пријавил 43-годишниот тетовец Г.Ѓ., откако претходно неговата 63-годишна мајка пријавила дека физички ја нападнал и оштетил дел од покуќнината.Исто така вчера околу 15 часот и 15 минути, на улица „115“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 48-годишниот тетовец Ќ.Ф., кој пред тоа бил пријавен дека физички ја нападнал неговата 46-годишната сопруга, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
Во вторникот 28 јуни околу 2 часот и 45 минути, полициски службеници на СВР Тетово, на улица „107“ во Тетово, го лишиле од слобода 36-годишниот тетовец М.М., кој претходно бил пријавен од неговата 33-годишна сопруга дека физички ја нападнал, а се обидел да го нападне и нивното малолетно дете.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.