Вчера во струмичката полиција било пријавено дека во круг на фирма во Градско Балдовци од струен удар починал Р.М.(60) од Струмица, соопшти полицијата.

Според пријавеното, како што информира полицијата, Р.М. се здобил со повреди од струен удар додека извршувал работни задачи и од здобиените повреди починал на местото.

МВР уште информира дека увид бил извршен, а по наредба на Јавен обвинтиел телото на починатиот било дадено на семејството, се додава во соопштението.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.