Од истрелите за кои се мисли дека се случиле за време на семејна прослава, повредена е 59 годишна жена во Тетово која седела во својот двор на улицата ЈНА. Таа е хоспитализирана во Клиничката болница каде и била понудена прва помош, а во текот на денешниот ден е пуштена на домашно лекување Хирургот Висар Џафери вели дека пациентката била однесена во болница во 17.30 минути со отворена рана во пределот на левото рамо.

“По 17.30 часот пријавена била пациентка со отворена рана од куршум од огнено оружје. Пациентката била оперирана од дежурниот хирург но бидејќи куршумот се наоѓал во торакалниот дел во делот на рамото, бевме повикани и ние. Раната била кај левата града и имала отворена рана од неколку сантиметри и ние ја третиравме раната“, истакна Висар Џафери.

Од СВР Тетово велат дека работат на целосно расчистување на случајот.

„Околу 18.30 часот пријавен е случај во СВР Тетово при што во дворот на куќа од залутан куршум е повредена 59 годишна жена со иницијали С.Ш“, додаде Фатмир Реџепи.

Сличен ваков настан се случил и на улицата 107 каде еден граѓанин бил погоден во раката од куршум, но за среќа не се здобил со телесни повреди и случајот не бил пријавен ниту во СВР. Пред неколку години 10 годишно дете во Гостивар го загуби животот како последица од истрел од огнено оружје на свадба.

Казните за пукање со огнено оружје се движат од 200 до 500 евра а доколку биде повреден некој, тогаш случајот преминува во кривично дело.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.