Вчера попладне, во 12.30 часот во СВР Скопје, 52-годишник од Црна Гора пријавил дека околу 10.30 часот на паркинг простор во близина на здравствена установа на подрачјето на Карпош бил измамен од две лица, извести МВР.
Според пријавеното, двете лица му се доближиле и му кажале дека направиле сообраќајна незгода и дека бараат од него да им биде преведувач, бидејќи едниот од нив не знаел албански јазик, по што побарале и да им покаже како изгледаат евра. Како што е пријавено, тие му побарале 500 евра во замена за дијаманти за да може едното лице да му плати на другото, а откако им ги дал парите едно од лицата заминало со изговор дека ќе оди во банка да извади пари, а другото да ги тргне возилата, соопшти МВР.
Исто така, според пријавеното, откако не се вратиле тој сфатил дека е измамен. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.