Судот му одреди мерка притвор од 30 дена на 40-годишниот скопјанец, осомничен за инцидентот со 4-те малолетници кои беа пронајдени во неговата куќа во бессознание, алкохолизирана состојба и под дејство на психотропни супстанци.
Против него Јавното обвинителство покрена истражна постапка поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „тешки дела против здравјето“, „производство и тргување со штетни лековити средства“ и „опасно изложување“.
Состојбата создадена по консумирање алкохол и лекови предизвикала губење на контролата кај малолетниците, при што ја искршиле покуќнина и добиле телесни повреди.
Состојбата на децата кои се лекуваат на Клиниката за токсикологија се подобрува и ќе останат под лекарска грижа до понеделник наутро. Полицијата соопшти дека малолетниците консумирале алкохол и лекови.
Од Клиниката за токсикологија пред неколку дена информираа дека во примерокот од крвта нема присуство на алкохол, додека Јавното обвинителство пред неколку дена во најавата за отворање на истрагата соопшти дека осомничениот им нудел лекови на малолетници за да ги забавува додека конзумирање алкохол, додека тој лично ги користел за да се осамостои од алкохолот. За трите кривични дела поради кои е приведен 40-годишниот скопјанец ризикува затворска казна од можни 16 години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.