Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишила од слобода К.Д.(18) од Кавадарци, со живеалиште во Скопје, кој бил затекнат при обид да изврши „тешка кражба“ во филијала на банка на подрачјето на општина Аеродром.

Како што информираат од МВР, лицето било задржано во Полициската станица Аеродром и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.