Вчеравечер во 20.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека во 19.45 часот на крстосницата од улиците „Кемал Сејфула“, „Александар Урдаревски“ и „Босна и Херцеговина“, патничко возило „голф 5“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 18-годишниот И.Ј. од село Брест, скопско,
удрило во пешакот 71-годишниот Ш.Р. од Скопје.
На местото на несреќата пешакот им подлегнал на повредите, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, додека возачот И.Ј. се здобил со телесни повреди констатирани во Градската општа болница „8 Септември“, соопштуваат од МВР
Увид на местото на несреќата извршиле екипа од СВР Скопје и Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот е предадено за обдукција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.